еМагазин
Image default
Бизнис

Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Приходите што заедно ги оствариле терестријалните телевизии на државно ниво – ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Телма, ТВ Алфа и ТВ Алсат М минатата година изнесувале 1.120,49 милиони денари, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Три телевизии оствариле повеќе приходи отколку во 2018 година – ТВ Алсат, ТВ Канал 5 и ТВ Сител.

ТВ Алфа и ТВ Телма оствариле помалку приходи. 94,82% од вкупните приходи биле остварени од рекламирање.

Приходите од продажба на времето за рекламирање во 2019 година изнесувале 1.062,44 милиони денари и во однос на претходната година се зголемиле за 8,29%.

Приходите од огласувачките компании се зголемиле за 6,63 милиони денари. ТВ Канал 5 прикажала за 30,65 милиони денари повеќе приходи од рекламирање отколку во 2018 година, а ТВ Сител 0,42 милиони денари повеќе. Останатите три телевизии оствариле помалку приходи од рекламирање отколку во претходната година

Зголемувањето во најголема мера се должи на приходите што овие пет телевизии ги оствариле од платено политичко рекламирање, во вкупен износ од 101,22 милиони денари. Од нив, 34,71 милион денари прикажала ТВ Сител, 22,55 милиони денари ТВ Канал 5, 21,04 милиони денари ТВ Алсат-М, 13,23 милиони денари ТВ Телма и 9,69 милиони денари на ТВ Алфа„, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На што најмногу трошеле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

По колку вработени имаат и колку трошат на плати Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ објави 100.000 билети од и до Дормунд за 9,99 евра

Редакција

КИЕЛ Македонија почнува со изградба на нова фабрика во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра и 300 нови вработувања

Редакција

Винарската визба Попова кула лани работела со загуба

Редакција