Вчера во Основниот суд Куманово почна судењето на Трајко Бојковски (25), од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој е обвинет за убиство на дури четири жени и два обиди за убиство.
Освен што тој се изјасни за невин, иако неговиот адвокат претходно најавил дека тој ќе ги признае сите дела, онаа што го обележа стартот на судењето беше неговото однесување.
Гледаше во таван и не комуницираше со судот нормално, односно создаде слика дека нешто не е во ред со него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тоа што треба да се каже е дека пред да почне судењето нему му беа направени психијатриски вештачења од страна на три лица.
Истите покажаа дека тој е кривично правно одговорен, е свесен за постапките, не е болен, и може да го следи судењето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Серискиот убиец од Старо Нагоричане се изјасни за невин, по што остана без адвокат
Поради изјаснувањето дека е невин, тој остана без адвокат. Сега треба да добие адвокат по службена должност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за серискиот убиец од Старо Нагоричане, чие судење почнува утре
Двајца мртвопроверители заработија кривична за убиствата во Старо Нагоричане
Институциите создадоа сериски убиец
Фото: Унсплеш














