еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Делегација на МПЦ-ОА ќе оди на на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува утре на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски.

Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст.

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти.

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка со предупредување до граѓаните: Не откривајте лични податоци

Редакција

(Фото) Димитров денеска полни 48 години: Роденден слави и син му Калин

Редакција

Филипче остана без Твитер-профил

Редакција