еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Демократски сојуз бара минималната плата да изнесува 300 евра

Демократскиот сојуз смета дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари, при што ги охрабрува работодавците да се усогласат со синдикатот, велат од партијата.

“Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехрамбените производи, електричната енергија, гасот, услугите и сл., неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и пензионерите.

Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата.

Инаку, Демократскиот сојуз уште во јануари 2016 година, предлагаше зголемување на минималната плата (да изнесува 300 евра), но тогаш Парламентот, предложените законски решенија не ги прифати.

Очекуваме трипартитните преговори денес да завршат успешно, со што ќе се обезбеди минимална плата која ќе влијае и за зголемување на платите во целина, како и зголемување на пензиите согласно растот на цените и платите“, велат од партијата.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишан огласот за доделување 5.722 хектари земјоделско земјиште во 14 региони, за одгледување стратешки култури

Редакција

Во јануари зголемени цените на угостителските услуги

Редакција

Во јануарската сметка за струја, нема да има надомест од 200 денари за пристап до мрежа

Редакција