еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед: Моторџиите од полноќ ќе плаќаат за 40 отсто поевтина патарина

Почна примената на новата методологија со која од полноќ мотоциклистите ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина, со што Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)  ја реализира најавата за нови цени за патарина за моторџиите.

Воведувањето на мотоциклите како нова категорија возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а за што беше усвоена Одлука на ЈП за државни патишта во јуни 2019 година.

„Мотоциклите со две тркала минатата година беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие од денеска плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите“, соопшти ЈПДП.

Надоместот за употреба на пат за мотоциклите изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари се плаќа на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец е на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“, а 60 денари за правец се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.

„Со ова се исправи повеќе децениската неправда и конечно мотоциклистите плаќаат помалку и поевтино од автомобилите“, пишува во соопштението.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија со повеќе претплатници на мобилна телефонија од Македонски телеком

Редакција

УЈП разјасни повеќе нејаснотии околу враќањето ДДВ од фискални сметки

Редакција

Просечната нето-плата во ноември 33.011 денари

Редакција