еМагазин
Image default
Бизнис

Детален преглед на сообраќање на патничките возови за време на рестриктивните мерки

Железници Транспорт информираа за сообраќајот на патнички возови во услови на ограничено движење со важност од утре среда.

Релација Велес – Скопје – Велес:

– воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,

– воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот,

– воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и 4. воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13:44 часот.

Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).

Релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

– воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот,

– воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот,

– воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.

Релација Скопје – Битола – Скопје:

– воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот,

– воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

Дополнително на ден 08.04.2020 година, (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 релација Битола – Скопје и 661 релација Кичево – Скопје.

Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.

Фото: Железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

Редакција

Сергеј Самсоненко купи 5.000 акции од „Жито Полог“

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 30,4 милиони денари

Редакција