еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, а хоспитализирани се 5 деца и 5 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 42 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 21, а во болницата во Штип се 50 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 212, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аеродром 257, Карпош 242, Центар 265: Детален преглед на состојбата со активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Убава вест: Оздравени 154 заразени од Ковид-19 најмногу во Скопје и Куманово

Починаа шест лица од Ковид-19, најмладиот има 44 години

Рекордни 386 случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје 178

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарска комора бара поригорозни казни за напаѓачите на лекарите

Редакција

Околу 2.500 македонски државјани излегле од ГП Табановце од полноќ до 11 часот

Редакција

Пет скопски општини со по над 1.000 активни случаи на Ковид-19

Редакција