Министерството за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти заболени од Ковид-19. Вкупно се хоспитализирани 134 пациенти. На кислородна поддршка се 92 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 8 позитивни мајки, 2 мајки суспектни на Ковид-19, нема хоспитализирани деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 52, а во болницата во Штип се 50 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 298 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 182 пациенти кои боледуваа од Ковид-19
Црн ден за Македонија: Починаа уште 14 лица од Ковид-19
Нови 404 случаи на Ковид-19 од 1.524 тестирања
Фото: МЗ