Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини
Убава вест: Оздравени 131 заразени од Ковид-19, најмногу од Скопје и Куманово
Починаа четири нови лица од Ковид-19 од Виница, Охрид и Струга
Нови 37 заразени од Ковид-19 од 464 тестирања, најмногу во Скопје 20
Фото: МЗ