еМагазин
Image default
Македонија

Заев откако ќе ја слушнал новата „бомба“ за Рашковски ќе одлучел дали ќе бара оставка од него

Дали секретарот на Владата, Драги Рашковски ќе понесе одговорност и ќе треба да поднесе оставка, премиерот Зоран Заев ќе одлучи откако ќе ги слушне снимките и ќе ги разгледа документите по втората објавена „бомба“ за случајот со „М-НАВ“.

-Јас таму видов дека се спомнуваат некои записници, што само по себе потврдува што е суштината на самите состаноци, но дозволете ми да ги видам аргументите, да ги видам снимките. Јас внимателно ја следам јавноста за сите овие постапки. Секако стојам на ставовите дека, како што реков, не треба никој што добил задача, чест и одговорност да извршува јавна функција или да биде сервис на граѓаните да биде, на некој начин, боксерска вреќа, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања.

Зев потенцира дека доколку Рашковски се огрешил, има закони според кои ќе одговара но, има, како што додаде, и етички дел, „треба да се знае каде поминува границата или не“.

-Транспарентен сум, секој ден сум на располагање и ги коментирам случаите и мислам дека така заздравува и се усовршува Република Северна Македонија и сите институции и општеството и ние како граѓани, напомена премиерот.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски по новата „бомба„: Јавете се во компанијата Леонардо и прашајте дали сум побарал пари

По новата „бомба“ за Рашковски, М-НАВ најави тужби

„Познат македонски иноватор“: Што пишува во биографијата на генералниот секретар на Владата, Рашковски, кој е топ тема поради набавката на радарскиот систем

Каков имот пријавил генералниот секретар на Владата, Рашковски кој е во фокусот на јавноста за набавката на радарскиот систем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 298 болни од Ковид-19

Редакција

Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

Редакција

САД: Ако нема уставни измени, тоа ќе влијае на односите со САД и ќе биде загрижувачки чекор за НАТО сојузници

Редакција