Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 4 пациенти заболени од Ковид-19. Вкупно се хоспитализирани 66 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември” примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 38 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 39 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 167, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 110 пациенти кои боледувале од Ковид-19
Уште еден црн ден во Македонија: Починаа девет лица од Ковид-19
Нови 143 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје
Фото: МЗ