Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, утре ќе ја посети Република Србија.
Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји.
Воедно, ќе бидат разменети мислења и искуства во врска со справувањето на двете земји со актуелната пандемија, како и нивните претстојни чекори за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поради зголемен број на случаи со Ковид-19, Црна Гора ги затвори границите за македонските граѓани
Кипар денеска ги отвора аеродромите за 19 земји, Македонија ја нема на листата
Фото: Влада