Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука тој ќе се продава за 98 денари за литар.
Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за половина денар и ќе изнесува 83,50 денари за литар, а цената на Еуросупер БС-98 останува иста – 85,50 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за три денари и сега ќе се продава за 95,50 денари за литар.
Цената на мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,901 денари и ќе изнесува 51,311 денари за килограм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се одредува цената на бензините и дизелот
Фото: Unsplash














