Кога попладневните часови носат желба за грицкање честопати е убаво да се има опција истите грицки да бидат здрави и да ги задоволат потребите за ужина без грижа на совест. Ужинката е одлично кога е лесна, не одзема време и брзо е сварлива.
Во dm дрогериите насекаде во нашата земја може да се најдат органски грицки што се вкусни и нутритивно богати. Токму ваков вид на грицки може да ги задоволат потребите за ужина без грижа на совест. Ова се неколку предлози што може секој да ги проба:
Оризови галети: Овие лесни и крцкави галети се одличен избор за брза ужина. Можете да ги комбинирате со намаз од крем сирење или да ги консумирате самостојно. Тие не содржат масти и се богати со хранливи материи што даваат чувство на ситост.
Микс од сушено овошје: Сушеното овошје е природен извор на шеќери и е богато со витамини и минерали како магнезиум, железо и калиум. Оваа комбинација не само што ќе ја задоволи вашата потреба за слатко, туку и ќе го зајакне вашиот имунитет и ќе го намали стресот.
Јаткасти и зрнести плодови: Мешавината од бадеми, лешници, семки од тиква и сончоглед е одлична за консумирање за време на спортски натпревари или како здрава ужина во текот на денот.
Овие dmBio грицки се плодови што се богати со омега-3 масни киселини и здрави состојки што се корисни за кожата, мозокот и срцето. dm дрогериите е местото каде што може да се најдат овие ужинки и многумина од нас не се ни свесни за тоа колку само задоволство и бенефити може да им донесат здравите грицки. Ваков вид на ужинки се погодни и за најмладите и заеднички може да се користат во текот на денот.
ПР-објава