До него бил пронајден и пиштол: 38-годишен маж пронајден починат во Аеродром

Маж на возраст од 38 години вчера бил пронајден починат во напуштен објект во скопски Аеродром.

Станува збор за М.К. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје до него бил пронајден пиштол.

За него, како што информираат од полицијата, на 3. март било пријавено дека е исчезнат.

Телото на починатиот е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести