еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Даниловски: Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација

Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација и да го донесе во земјава, предупредува епидемиологот Драган Даниловски во интервју за Сител.

– Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, со оглед на тоа што на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација, вели д-р Даниловски.

Во однос на тоа дали учениците треба да ја почнат својата учебна година од училишните клупи, Даниловски е категоричен и наведува дека треба да се вратат.

– Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат децата во училиштата, изјави Даниловски.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу преживеаните во несреќата во Бугарија е и српски државјанин, кој повреден помогнал во евакуација на патници

Редакција

Денеска и утре невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Редакција

(Фото) Мечка со две мали мечиња „уловена“ на Пелистер

Редакција