еМагазин
Image default
Локално

Драма во скопско: Полицајци пукале за да се спасат од разулавена толпа селани

На 09.05.2019 година околу 17,35 часот во с.Д.Количани-скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево при преземање на службени дејствија со цел да запрат две товарни моторни возила натоварени со дрва, биле физички нападнати од повеќе лица жители на селото, информира МВР.

Во тој момент бидејќи им била загрозена сигурноста полициските службеници испукале по еден предупредувачки истрел во воздух и успеале да се оттргнат од насобраната толпа.

Полициските службеници со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде им била укажана лекарска помош и од страна на лекар констатирани им биле телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Туристка од Австрија при скијање скршила ребра на Шапка, спасена со хеликоптер

Редакција

Обвинителството побара притвор за велешанецот кој усмрти 11-годишно девојче

Редакција

Србин излегол од автобус на бензиска и го претепал

Редакција