Државата го доби случајот за рудникот “Казандол“, нема да плати оштета од 115 милиони евра

Државата го добила случајот за рудникот “Казандол“, во кој земјата во арбитражна постапка беше тужена од неколку инвеститори и од неа се бараше оштета од 115 милиони евра.

Информацијата денеска на прес-конференција ја сподели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој подвлече дека сите 11 основи по кои Македонија беше тужена се одбиени.

Договорот за концесија за рудникот со британско – украинската компанија „Сардич“ во февруари 2015 година го потпиша тогашната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а следната влада предводена од СДСМ во март 2018 еднострано го раскина истиот, бидејќи не бил исполнет условот во рок од две години од доделувањето на концесијата да се изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да експлоатира најмалку 50%.

Таа влада го затвори случајот со завршни зборови пред Судот во јануари 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести