еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Две девојчиња од струмичко се загубија во Скопје, пронајдени се во Кисела Вода

Вчера во Скопје се загубија две девојчиња од струмичкото село Петралинци, едното на возраст од 12 години, другото на 14 години.

Тие доцна синоќа беа пронајдени во Кисела Вода.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека на 08.05.2023 околу 23.50 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје се пронајдени девојчињата од струмичко за кои на 08.05.2023 околу 16 часот во СВР Скопје од нивната професорка беше пријавено дека се изгубиле на територија на Центар.

Веднаш по добиената пријава од страна на полициските службеници преземени се соодветни мерки и малолетничките се пронајдени, соопштија од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР и врачи вербална нота на Бугарија и очекува осуда на експлицитниот говор на омраза и територијалните претензии кон Македонија

Редакција

Малата Риниса се роди по втор пат во клиничката болница „Жан Митрев“

Редакција

Детали од МВР за адвокатот кој почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Редакција