еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Две жени загинаа, 11 туристи се во болница откако се урна пешачки мост во Овчар Бања кај Чачак

Во Овчар Бања, крај Чачак, денеска дојде до пукање и уривање на висечки пешачки мост на реката Западна Морава, каде две жени загинаа, а 11 лица се хоспитализирани во општа болница Чачак, јави дописиникот на МИА од Белград.

Инцидентот се случил кога возачите на два автобуси со босански регистерски таблички застанале за одмор во Овчар Бања, а патниците, туристи излегле да се прошетаат по висечкиот мост на реката Западна Морава во близина на ресторанот „Дом” кога тој пукнал.

– Под оптеретувањето се скина сајлата и сите патници паднаа во вода. Пожарникарите, спасувачите и екипите на итната помош се на терен, луѓето се извлекуваат од водата. Повредените се транспортираат во Општата болница во Чачак.

Повеќе од 50 луѓе паднаа во водата, се прават максимални напори сите луѓе што поскоро да се извлечат, соопштија српските медиуми.

Спасувачките екипи со чамци сѐ уште ја пребаруваат реката. На терен се и полицијата, брзата помош и пожарникарите.

Станува збор за патниците од автобусот од Зворник кој застанал во Овчарско-кабларската клисура.

МИА/видео: Прва ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Банките имаат конкуренција: Преку „Фејсбук“ нудат заем од 5.000 до 1.000.000 евра со камата до 3%

Редакција

Трагедија: Маж од Неготино почина, а жена е тешко повредена откако со „Пасат“ излетале од пат

Редакција

Доктор Јовиќ, хирург уролог: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

Редакција