еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Вечерва можни интензивни врнежи, претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека во вечерните часови и во текот на ноќта локално на некои места, посебно во западните делови, се очекуваат краткотрајни интензивни врнежи од дожд кои можат да предизвикаат локално зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците, како и локални проблеми во одредени делови од населените места.

Поради тоа, Управата предупредува на внимателност при движењето покрај помалите реки и суводолиците, но и во урбаните средини каде се можни интензивни врнежи.

-Предупредуваме за претпазливо движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, посебно во западните делови, како и во деловите од градските урбани средини каде се можни интензивни врнежи од дожд во текот на доцните вечерни часови и за време на ноќта, наведува УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Убава вест: Александра стана дел од Revija bar & food

Редакција

Слаби изгледи за значајна помош од ЕУ во енергетската криза за Западен Балкан

Редакција

(Видео) За Лео, Благојчо Ѓоргиев од Кочани на продажба го стави својот скутер за хендикепирани

Редакција