еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Единствен производ на пазарот: Битолско природно пиво „Бак“ произведено од браќата Бакревски ги освои битолчани

Крафт пиварницата Бакревски, на браќата Марјан и Горан Бакревски од Битола, е една од ретките крафт пиварници во Македонија, па и во регионот, која произведува 100 отсто природно пиво.

Тие засега ги произведуваат јачменово IPA пиво, темно STOUT пиво и пченично, а пивото „Бак“, секогаш е свежо, природно, без додатоци на бои и ароми и нефилтрирано.

Марјан е професор, талентиран музичар со диплома од Музичкиот колеџ во Бостон, а Горан е стоматолог.

„Свирам во рок бенд, и секој од членовите, нешто произведуваше. Некој вино, некој ракија, си реков зошто јас не пиво. И така пред шест години започна се,“ изјави Бакревски за „еМагазин“, на дегустацијата на ова пиво.

Засега пивото не е во продажба, бидејќи чекаат издавање на дозвола за да можат легално да работат.

Капацитетот на семејната пиварница е пет тона, или 10.000 шишиња месечно. Освен овие три вида на пиво, браќата Бакревски работат и на создавање на две нови безалкохолни пива. Размислуваат и за точено пиво, кое од друга страна би им ги скратило трошоците за амбалажа.

Вкусовите на пивата постојано ги унапредуваат, а веќе се добро прифатени од страна на битолчани, кои им ги бендисуваат производите.

Откако ќе ја земат потребната дозвола за работа, бизнисот од Битола, ќе започне да се шири.

Фото: Инстаграм/пиварница Бакревски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради немањето работници, текстилните конфекции ги губат нарачките од странските партнери

Редакција

Поранешниот претседател на ДИК, Деркоски, доби ослободителна пресуда за набавката на софтвер за следење на изборните резултати

Редакција

(Галерија) Дона Каран, Келвин Клајн, Хелена Кристенсен, Кристи Тарлингтон… пробаа македонски вина во Њујорк

Редакција