еМагазин
Image default
Забава

Јелена Карлеуша нема да пее на “Тиквешкиот гроздобер“, оти Кавадарчани не ја сакаат

Српската пејачка Јелена Карлеуша нема да пее годинешново издание на “Тиквешкиот гроздобер“, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

“Овие денови ја објавивме целосната програма за Тиквешкиот гроздобер 2022 година. По пауза од две години, сакаме да продолжиме онаму каде што застанавме. А бевме на добар пат кон најдобрите културно – музички фестивали во државата.

Општина Кавадарци во последните години е препознатлива и докажана по транспарентното работење. По објавената музичка програма наидовме на голем број негативни коментари и негодувања за музичката ѕвезда Јелена Карлеуша, која е предвидена за настап на 11. септември како главна музичка атракција за овогодинешниот гроздобер.

Нам секогаш ни е најважно вашето мислење, драги Кавадарчани. Па, затоа настапот на оваа музичка ѕвезда е откажан, а во моментот се преговара со останати музички ѕвезди со кои можеме да го договориме дадениот датум“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фестивалот на виното „Виноскоп 2023“ ќе се одржи од 11 до 14 октомври

Редакција

Убава вест: Владимир Четкар ја освојува Јапонија со неговата музика

Редакција

(Видео) Актерот Бјелогрлиќ приведен, објавена снимка како го нападнал режисерот Антонијевиќ

Редакција