еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Ќерка му на Џафери која ќе врши надзор на парно греењето, и претходнo била вклучена во менаџирање на БЕГ, велат од ЕСМ

В.д. управителите и надзорот на новите друштва за топлина се вработени во АД ЕСМ и беа вклучени во енергетската криза во претходната грејна сезона, информираат од компанијата, по информациите објавени во медиумите.

Од таму додаваат дека по задолжување од Владата, АД ЕСМ формира три Друштва за топлинска енергија: производство, дистрибуција и снабдување, со кои ќе се пријави на јавниот повик за обезбедување парно греење за градот Скопје.

Согласно законот, на секој ДООЕЛ е назначен в.д. управител и Надзорен одбор. Во надзорните одбори се назначени:едно стручно лице од областа на енергетиката и топлинското снабдување, еден правник и еден економист.

Сите лица се вработени во АД ЕСМ со редовни работни задачи, додека обврските во новите друштва им се доделени како дополнителна работна обврска.

„Лицето Бесијана Џафери Беќири е вработена како правник во секторот за развој и инвестиции и е член на назорот на едно од ДООЕЛ-ите. Во текот на изминатата грејна сезона вклучена беше во работни задачи при процесот на менаџирање на БЕГ од страна на АД ЕСМ, кои задачи ги изврши на највисоко професионално ниво, како впрочем и сите други споменати вработени,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жито лукс со добивка од 149 илјади денари во првиот квартал

Редакција

Во октомври годишен раст на депозитите од 11, а 9,2% на кредитите

Редакција

Филипче: Можен пик на корона вирусот за 1 месец, можни заразени 2.000 лица

Редакција