еМагазин
Image default
Локално

ЕВН Хоме ја исклучи струјата само на мерните места за заедничка потрошувачка на Блок Б – Џевахир, велат од компанијата

ЕВН Хоме ги имаше исклучено од напојување со електрична енергија само мерните места за заедничка потрошувачка на Блок Б – Џевахир, по основ неплатен долг, информираат од компанијата.

“Овие мерни места се веќе приклучени во мрежата и снабдувањето со електрична енергија е сигурно и стабилно.

Становите на жителите во кулата не беа исклучени. Прекинот во нивното снабдување настанал поради реакција на внатрешниот систем за заштита на самата кула.

Сепак, и оваа ситуација е надмината.

ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците како крајна мерка.

Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка, до сопственикот на броилото навремено било испратено напомена пред исклучување,” се вели во соопштението.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР откри 110 грама хероин при претрес на дом на гостиварец

Редакција

Жена од Кичево нападната од глутница од 15 кучиња

Редакција

Преку храна сакале да прошверцуваат марихуана во Затворот Струмица

Редакција