ЕВН Македонија со награда за пионер во дуалното образование

ЕВН Македонија, на настан во организација на Стопанската комора „Револуцијата во образованието – моќта на дуалното образование во Македонија“, беше признаена како прва компанија вклучена во дуалното образование во земјата, информираат од таму.

Признанието му беше врачено на раководителот на Одделот за човечки ресурси и организација, Фисник Осеку, од страна на претседателот на Комората, Бранко Азески.

На настанот присуствуваше и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која ја истакна важноста од понатамошно унапредување на дуалното образование и негово усогласување со потребите на пазарот на труд, со цел создавање стручен и конкурентен кадар.

-Како пионери во воведувањето на дуалното образование во Македонија, ЕВН Македонија континуирано придонесува кон развој на квалификувана и подготвена работна сила. Во партнерство со бизнис-заедницата и институциите, ќе продолжиме да вложуваме во образованието и развојот на младите како стратешка основа за одржлив економски раст, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести