Амбасадорот на Европската Унија (ЕУ), Дејвид Гир од Тетово порача дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво, но смета дека механизмот KОВАКС ќе профункционира соодветно.
Тој образложи дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но потенцира дека работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени.
Имајќи предвид дека и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и тоа ја прави работата уште потешка.
Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот КОВАКС, така што Унијата ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина многу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ, истакна Гир.
Европската унија има направено многу во знак на поддршка на земјава во пандемијата, истакна Гир на новинарското прашање околу помагањето на С.Македонија во борбата против коронавирусот.
„ЕУ од самиот почеток на пандемијата има дадено огромна суштествена финансиска помош. Цело време се обидуваше не само во вашата земја, туку и за целиот Западен Балкан. Донираше милиони парчиња на медицинска опрема на здравствените власти, во вашата земја и целиот Балкан.
Да не заборавиме дека ЕУ обезбеди финансиска помош 226 милиони евра на економијата на вашата земја се со цел да може вашата економија да се справи со влијанието на пандемијата на Ковид-19.
Тоа е важно во такви услови кога вирусот вирее не само тука, туку низ целиот свет. ЕУ ја даде оваа помош со цел да можат да се зачуваат работните места на луѓето и да можат да преживеат разните бизнис во вашата земја,“ посочи Гир.
МИА