Во првите девет месеци од годинава Европа АД Скопје оствари вкупни бруто приходи во износ од 624.073.743 денари и истите се зголемени за 1,1% во однос на бруто приходите од 2022 година за истиот период, информираат од компанијата преку Македонската берза.
-Вкупните оперативни приходи за 01.01 – 30.09.2023 година се зголемени за 3,1% во однос на истите во 2022 година. Останатите приходи се зголемени за 70%, а финансиските приходи се намалени за 8,9% во однос на 2022 година.
Вкупните расходите се зголемени за 2,3% во однос на минатата година. Оперативните расходи во периодот 01.01 – 30.09.2023 година се зголемени за 2,2%. Финансиските расходи се зголемени за 33% во однос на минатата година.
Европа за периодот 01.01 – 30.09.2023 година оствари добивка во износ од 32.669.137 денари и истата е помала во однос на претходната година за 15%, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа ќе дели дивиденда од 50 денари бруто по акција
Европа со пад на добивката од 68,5% во првиот квартал