Македонија тагува по Марко Ѓорѓиевски, Петар Миланов, Адам Велков, сите на возраст од 20 години, и за оперскиот баритон Ристе Велков, татко на Адам Велков, кои загинаа во страшната сообраќајна несреќа која се случи кај скопската обиколница помеѓу надвозник Визбегово и клучката Мирковци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До несреќата дојде откако во возилото кое го управувал Ристе Велков, удрил камион со полуприколка, управувано од 76-годишниот Б.Б. од Косово, кој е уапсен.
Од момчињата се простија и од скопската гимназија „Никола Карев“, каде пред две години матурирале, а од таму објавија и нивни фотографии.



-Срцето на Карев денес плаче.
Нашите деца, кои до пред некоја година чекореа по ходниците, седеа во училишните клупи и сонуваа за иднината…. тешко е да се поверува дека нивните животи згаснаа прерано, стои меѓу друго во објавата на училиштето на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Четири лица загинаа во сообраќајка кај скопската обиколница
Фото: „Никола Карев“














