еМагазин
Image default
Македонија

Фокус ја објави листа на советници на премиерот Ковачевски

Фокус повикувајќи се на високи владини извори, ја објави советничката листа на премиерот Димитар Ковачевски, кој ќе има 15 советници.

На неа се наоѓаат неколку стари имиња, како Едмонд Адеми (надворешни работи), Исмет Рамадани (евроатлански вредности), Нина Фити (финансии), Драган Василевски (одбрана), како и поранешниот шеф на тајната полиција, Зоран Верушевски, кој му беше советник за национална безбеднсот на Зоран Заев, а сега продолжува на истата позиција и кај Ковачевски.

На новата листа има и нови имиња, меѓу кои е деканот на Економскиот факултет, Предраг Трпески, кој ќе биде советник за економија, Ванчо Узунов, ќе биде советник за Берлински процес, а професорот на Факултетот за електротехничка и информациски технологии, Антон Чаушески, ќе биде советник за енергетика.

За рационализација и оптимизација на процеси, советник ќе му биде банкарот Глигор Бишев, кој моментално е генерален директор на Шпаркесе банка.

На списокот се и Ана Данева-Маркова (здравство), Спасе Додевски (образование и социјала), Маја Ангеловска (дигитализација), Симона Ристеска (даночна политика), Елена Оранска-Петковска (административно право)…

Фокус објави и дека Ковачевски ќе го советува и Јоханес Хајдекер, поранешен советник на долгогодишната германска канцеларка Ангела Меркел, кој стана надворешен советник за зајакнување на капацитетот на економскиот тим на премиерскиот кабинет во 2021 година, кога премиер беше Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонците во Бугарија во извештајот на Стејт департментот за човековите права

Редакција

СДСМ: Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност

Редакција

Со изведување на материјални докази од одбраната продолжи судењето за „Плацеви на Водно“

Редакција