еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) „Бејби бумот“ продолжува: Во ЗОО Скопје се родија три бели волчиња од загрозен вид

Во Зоолошката градина Скопје се родија бебиња од загрозениот вид бели волци (canis lupus arctos).

Стари се три недели, а белата боја на крзното, како на нивните родители, ќе ја добијат со текот на времето.

-Волчињата се заедно своите родители и тие се грижат за нив во нивното живеалиште. Мајката ги роди во дувло коешто сама го направи и таму сокриени го поминуваат поголемиот дел од денот.

Во многу земји на Европската Унија овие волци се строго заштитени со Бернска конвенција, соопшти ЗОО.

Белите волци во Зоолошка градина во Скопје пристигнаа од Чешка во 2020 година. Се работи за арктички волк (Canis lupus arctos), подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд. Познати се и како поларни волци или бели волци.

ЗОО информира дека овој вид волци се загрозен вид, но не поради ловење од човекот, туку од климатските промени на Арктикот. Нарушениот екосистем во овие делови значително го намалил бројот на овие животни во последните години.

-За потсетување, оваа пролет  во Зоолошката градина во Скопје се случува вистински „бејби бум“, односно се родија три лавчиња, белорак гибон, мала лама, бебиња кенгури, лемури, берберска овца,  камила и најновите бебиња бели волци, соопшти Зоолошката градина. 

Фото: Фејзбук Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цената на струјата незначително се намалува, евтината тарифа останува

Редакција

Приведена 45-годишна дилерка на кокаин од Тетово: Продавала и од работното место

Редакција

Ваучери од 12.000 денари за летување во домашните хотели: Објавен јавниот повик за организаран одмор на работници со ниски приходи

Редакција