Во Филхармонијата на РСМ, по повод одбележување на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје вчера градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, свечено им ги додели наградите на годинешните добитници, нашите сограѓани коишто со својот труд и творештвото дале свој придонес за развојот на градот и за неговиот севкупен напредок.
Добитници на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се:
Од областа на публицистиката: Тони Димков, новинар, уредник на „Културен печат“, за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје.
Од областа на образованието и воспитанието: Сервете Фида, учителка по албански јазик, за долгогодишна успешна работа во воспитно-образовната дејност.
Од областа на културата: Љубомир Чадиковски, поранешен директор и основач на НУ „Театар за деца и младинци“ – Скопје, за формирање на Театарот за деца и младинци – Скопје и значајни успеси во неговото работење.
Никола Ангеловски, артист, режисер, преведувач, сценарист, комедиограф, за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.
Од областа на науката: Петар Намичев, архитект, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, за Монографиите „Традиционалната куќа во скопскиот регион од 19 век“ (2020) и „Традиционалната архитектура во Скопска Црна Гора од 19-ти до ран 20-ти век“ (2018).
Од областа на уметноста: Диме Поповски, естраден уметник, за особен придонес во музичката уметност.
Од областа на хуманитарната активност: Андријана Серафимовска, Тео Тасев, Теодора Трајковска, Филип Димишковски и Бојан Ристовски, деца волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на Хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести – Скопје, за несебично вложување во интерес на здравјето на децата кои се борат со малигни болести.
Од областа на здравствената заштита: тим на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во РСМ: Проф. д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Здравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Александар Николиќ, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска, д-р Димче Славевски, д-р Билјана Андоновска, д-р Весна Дурнев, д-р Кочо Димитровски, д-р Менка Лазаревска и Адријана Георгиев, за успешно извршена трансплантација на срце.
Жарко Караџовски, епидемиолог, за заслуги во здравството.
Од областа на спортот: Илина Арсова, планинар, алпинист, за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти.
Правни лица: Друштво на ликовните уметници на Македонија, за 75 години творечка и континуирана работна целина.
Ученици и студенти: Матеј Милосиевски, ученик во ПСУ „Јахја Кемал“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннставните активности.
Ангела Петровска, ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Ведрана Петровса, ученичка во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“, за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Фото: Фејсбук/Град Скопје