еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Едниот чини околу 100 евра: Какви ножеви носел Бугарот кој беше приведен пред бугарскиот клуб во Охрид

Лице од Софија, Република Бугарија со два ножа завчера беше приведено во близина на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугар фатен со ножеви пред бугарскиот културен центар во Охрид

Лицето е депортирано, а телевизијата Телма објави за какви ножеви се работи.

Според Телкма, едниот нож е марка „Смит&Весон“, модел Extreme OPS. Се користи за преживување, но е квалификуван и како тактички нож. Сечивото кое се преклопува му е долго околу 8 сантиметри. Цената му е околу 12 долари (740 денари).

Вториот нож, според телевизијата е исто така на расклопување и е поскап, но има слична намена, преживување во шума, се употребува при лов, а е лесен за нови и неискусни корисници на ваков вид на спортско-тактичко ладно оружје.

Станува збор за нож од производителот „Spyderco“, модел –reillence, којшто чини околу 95 долари на ново (односно околу 5.900 денари) со сечиво долго околу 11 сантиметри.

Фото: amazon.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основани две национални установи поврзани со Илинден

Редакција

Ревакцинирани се вкупно 647.769 граѓани: 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина

Редакција

Девојки од Скопје, Кичево, Тетово и Штип пријавиле дека биле злоупотребени во „Јавна соба“

Редакција