еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Интернационални манекенки од светските модни писти пристигнуваат во „Тиквеш“

Атрактивниот светски модел Гошиа Гузовска заедно со две интернационални манекенки ќе ја промовираат најголемата македонска винарница „Тиквеш“ на домашниот и светските пазари, информираат од компанијата.

Во уникатниот амбиент на винскиот подрум на винарската визба „Тиквеш“ беше организирана ексклузивна фото-сесија со овие модели од светските модни писти.

Полската убавица Гошиа Гузовска има светска манекенска кариера и настапува за големи модни брендови како Victoria Secret, Dolce & Gabbana, Givenchy, 303 Avenue и други.

Гошиа, која од Fashion Post во 2017 година беше најавена како „бомбата од Полска“, според упатените модни сајтови вреди над пет милиони евра.

Покрај светската манекенска кариера, Гошиа е меѓу топ-инфлуенсерките во Полска со најголем број следбеници на Инстаграм. Таа е и сопственик на дизајнерската линија на златен накит @luawarsaw.

Фотографиите од сесијата во „Тиквеш“ со вечната тема „спојот на виното и убавината“ ќе бидат користени за промотивните потреби на винарницата на интернационалните пазари, но и потенцијално и за едиторијали во светските модни изданија.

Оваа активност е дел од континуираната стратегија на „Тиквеш“ за промоција на врвните вина на винарницата како и за поголемо брендирање на Македонија како земја од каде потекнуваат и се произведуваат прекрасни, автентични и возбудливи вина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската кинематографија дел од престижниот Кански филмски фестивал и филмскиот маркет

Редакција

Врабoтен во МВР во слободно време бесплатно ќе превезува лица до аптеки и маркет во неговата општина Ѓорче Петров

Редакција

Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на Бошко

Редакција