еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Како изгледаше шпанската гастрономска атракција во Limak Skopje Luxury Hotel

Љубителите на добра храна и музика, минатиот петок имаа вечер за уживање. Во Limak Skopje Luxury Hotel имаа можност да ја почувствуваа шпанската страст, богата култура и спектакуларна кулинарска традиција.

Искусниот тим на готвачи во хотелот приреди богато и традиционално шпанско мени кое остави впечаток кај присутните кој не се заборава.

Покрај храната, популарниот шпански пијалак Сангриа како и изборот вина на реномираната домашна винарница „Тиквеш“ се покажаа како неодолива комбинација со шпанското мени.

Шпанскиот дух на вечерта беше збогатен со шпанска традиционална музика надалеку позната по својата мистична страст и огнена енергија, за која беа задолжени уметниците од  „Кармен Бенд“.

Неповторливата атмосфера разгледајте ја низ слики:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Редакција

„Фармабренд нова“ официјално дел од Eвропската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија

Редакција

Нови шест стипендисти на ЕСМ, ЕВН и МЕПСО

Редакција