еМагазин
Image default
Локално

Отворена средба на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација со граѓаните и локалните институции во Берово

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) продолжува со отворените средби со граѓаните, претставниците на граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво. Утре во зградата на Општина Кавадарци ќе се одржи една ваква средба, а следната е веќе закажана за овој четврток, 21 септември 2023 година, во салата на Советот на Општина Берово.

Овие средби се дел од активностите кои Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги презема во насока на приближување на својата работа до граѓаните и за зголемување на нејзината транспарентност. Дополнително, отворените средби претставуваат и можност за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор и институциите на локално ниво, со цел подигнување на степенот на препознавање на дискриминацијата, поголема мобилизација во општеството и заедничко делување во борбата сите нејзини облици.

„Целта на овие отворени средби е дополнително да ја унапредиме комуникацијата со граѓанскиот сектор и локалните институции околу надлежностите и начинот на постапување на Комисијата, а и да ја утврдиме нивната улога во целиот тој процес, затоа што само со заедничко делување можеме полесно да ги препознаеме и поефикасно да се бориме против сите облици на дискриминација во општеството.

Истовремено, овие средби ни овозможуваат, преку отворен дијалог со граѓаните и разгледување на конкретни примери, да им помогнеме тие полесно да го осознаат институционалниот пат за решавање на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот, а кои претставуваат пречка за натамошното унапредување на човековите права и еднаквоста во нашата земја“, истакна претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, упатувајќи покана до сите заинтересирани граѓани од Берово и неговата околина да присуствуваат на отворената средба со претставниците на Комисијата, што овој четврток ќе се одржи во зградата на Општина Берово.

До крајот на овој и почетокот на следниот месец планирано е да се реализираат уште дополнителни четири отворени средби, во исто толкав број општини. Ваквите активности се реализираат со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бочварски објави видео од граѓанин како краде бекатон плочки од кружен тек во Штип

Редакција

Скопјанец пријавил кражба на 11.000 евра од автомобил

Редакција

Скопјанец исчезна на Бит Пазар

Редакција