еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот интернационален модел Татјана Јанушева во кампања на светскиот бренд Champion

Нашиот интернационален модел Татјана Јанушева, која го направи својот пробив минатата година во светскиот моделинг како последен успех го забележува нејзиниот ангажман во кампањата на светскиот познат бренд Чемпион (Champion), велат за еМагазин од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје

„Токму овој американски гигантски бренд е познат по неговите атрактивни спортски дизајни на дресови за кошаркарските и фудбалските национални тимови. После големите успеси на Јанушева каде работеше кампањи за одлични и брендови во Париз и Милано, сега повторно ја започнува новата сезона во модната индустрија.

Вонсериската убавина на Јанушева и ги отвори вратите на светскиот моделинг со потпишување на договор со една од најдобрите модни агенции – Next Models.

Горди сме на нашата Татјана бидејќи израсна во одговорен и професионален модел,“ велат од Моделс ИН Менаџмент од Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

49-годишен маж загина во сообраќајка на патот Маврово – Дебар, неговата сопруга е тешко повредена

Редакција

Никој нема да одговара за бегството на Сашо Мијалков, одлучи Обвинителство

Редакција

Во светот од Kовид-19 починаа најмалку 840 новинари, најголем број од крајот на Втората светска војна

Редакција