еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Во светот од Kовид-19 починаа најмалку 840 новинари, најголем број од крајот на Втората светска војна

Изминатата година во 68 земји во светот од последици од Kовид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign).

Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на Ковид-19.

Најголем број на починати новинари има во јужноамериканските земји односно 458.

Во Азија од последици од Ковид-19 починале 151 новинар, во Европа 147, во Северна Америка 45 и во Африка 39.

Во Перу за време на пандемијата починаа 108 новинари, во Бразил 102, во Мексико 87, во Индија 56, во Италија 46 и во Турција од последици од Ковид-19 починале 21 новинар.

ПЕЦ истакнува дека најверојатно е поголем бројот на починати новинари, бидејќи не сите смртни случаи биле тестирани.

МИА/Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина ги отфрлила преговорите, Путин дал наредба армијата да продолжи со нападите и да напредува по копнен пат

Редакција

Колку потрошил Мермерен комбинат за надоместоци на Одборот на директори лани

Редакција

Кој е Есад Рахиќ, новиот в.д. директор на затворот „Скопје“ во Шутка

Редакција