еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нашата Ивана Манас блесна во новата кампања на D&G

Вчера италијанскиот моден двоец Долче и Габана ја објавија својата најнова модна кампања каде што се појавува и нашето модно светско чудо Ивана Манас.

Кампањата беше инспирирана од фолклорот и естетските визии на Сицилија.

Прекрасната кампања ја изработи маестралниот фотограф Јурген Телер за сезоната есен/зима 2021.

Откако се појави на нивната ревија во февруари, тимот на D&G воодушевени од андрогениот изглед на нашата Ивана беа решени да ја ангажираат за новата кампања.

Ивана Манас последниве три месеци е константно во Милано, каде работеше на голем број нови кампањи кои допрва ќе слушнеме, вели нејзиниот матичен агент Алек Наумовски од Моделс Ин Менаџмент.

Како куриозитет да се спомене дека познатиот фотограф Телер, за оваа кампања беше лично одговорен за звукот и музиката. А нас ни останува да ги дочекаме новите ангажмани на нашиот супер модел Ивана Манас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бојко што слави денес? Ден на победата или на поразот?: Твитер реакции за Денот на победата над фашизмот

Редакција

Зголемување за 4,8 отсто: 88 смртни случаи од Ковид-19 минатата недела

Редакција

Ќе станат ли Велес и Тетово нови жаришта на коронавирусот?

Редакција