еМагазин
Image default
Македонија

Активни пожарите кај Дренак, Старо Нагоричане и Мургаш, кумановско, изгаснат кај Кокински Дол

На подрачјето на општина Старо Нагоричане останува активен пожарот кај Дренак, на тешко пристапен терен информираше денеска командирот на противпожарната единица, Далибор Трајковски.

Таму како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово дејствуваат и пожарникарите, вработени од шумско стопанство, кои сè уште се на терен. Надлежните очекуваат пожарот во планинскиот дел да се гаси со поддршка на хеликоптери.

Од РЦУК Куманово информираа дека пожарот од Кокински дол кон Арбанашко, целосно е изгаснат во попладневните часови, со поддршка на Армијата, полицијата, припадниците на ДЗСИ, шумско стопанство и со хеликоптери.

Дел од ангажираните на овој пожар, вчера се упатиле и кон село Дренак за поддршка во гасењето.

Во Куманово активен е пожарот кај Липец, кај Мургаш информираше денеска командирот на територијалната противпожарна единица Куманово, Дејан Илиевски. И во моментов интервенираат пожарникарите.

– Станува збор за отворен простор, пожарот е под контрола, изјави Илиевски.

Вчера пожари имало во Пуковско, Пезово, Бељаковце, Јачинце и Опае.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров дебатира сам со себе дали да се кандидира за претседател

Редакција

МНР: Ниту еден македонски граѓанин не се пријавил за помош во Либан

Редакција

Мијалков сведочеше за „Монструм“: БЈБ го водеше случајот, УБК беше вклучена со помагање во информации

Редакција