еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР: Ниту еден македонски граѓанин не се пријавил за помош во Либан

Во врска со вчерашната експлозија во Бејрут, која што однесе повеќе од 100 животи и разори делови од градот, Министерството за надворешни работи информира дека до овој момент не се пристигнати информации за евентуално засегнати граѓани на Република Северна Македонија.

„МНР преку дипломатски канали ги презема сите неопходни мерки и активности за добивање на соодветни информации поврзани со нашите државјани кои би можеле да бидат засегнати од вчерашната несреќа во Либан.

До моментов, ниту еден граѓанин на Северна Македонија кој би можел да се наоѓа во Либан не се обратил до Министерството за надворешни работи за соодветна помош.

За оние кои се наоѓаат таму, а во случај на потреба од информација или помош, веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите Глобал СОС телефони во следниве дипломатски претставништва на Република Северна Македонија: Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Доха +974 665 979 44, Каиро +201002898673, Абу Даби +971 564 417 552. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ и „WhatsApp“ апликациите,“ се вели во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за одбрана: Нашите војници во УНИФИЛ во Либан се безбедни

(Видео) Снимка од дрон ја открива катастрофата по експлозијата во Бејрут

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на ЗОО, Галетановски бил повикан во полиција заради статус на Фејсбук

Редакција

(Фото) Заев со син му Душко возеше „Форвилер“ по Беласица

Редакција

Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени, велат од Влада

Редакција