еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 401.336 граѓани

Министерството за здравство денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден вакцинирани се вкупно 12.939 граѓани, а прва доза вакцина примиле 3.909 граѓани, така што вкупниот број на вацинирани лица во земјава заклучно со вчера изнесува 519.106 лица.

Според податоците од Министерството, во земјава вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани.

– Со последните бројки, 64 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, информираат од ресорното Министерство.

Оттаму истакнуваат дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктовите низ државата, а непречено се одвива и процесот на теренска вакцинација со ротации на медицинските екипи во руралните населени места.

За закажување за вакцинирање на деца отворен е сајтот vakcinacija.mk.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Навивачката група „Војводи“: Згрозени сме што не ставаат во ист кош со „Балистите„

Редакција

Димитров: Бугарија ни должи разбирање за нашето достоинство и македонскиот идентитет

Редакција

Османи: Името „Ванчо Михајлов“ е провокација, Бугарија треба да објасни пред светот зошто им се важни некои личнoсти

Редакција