еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Нов станбен објект во Ќерамидница: Fine Holding со нова инвестиција од 10 милиони евра

Сопствениците на компанијата Fine Holding денеска со поставување на камен темелник, започнаа со изградба на нов станбен објект во населбата Ќерамидница, информираат од таму.

Новата зграда која е инвестиција од 10 милиони евра е втор објект во рамки на комплексот „Fine premium living“.

Станува збор за градба од 7.000 м2 која исполнува високи стандарди во градежништвото за квалитет и удобност, со прекрасен поглед кон Водно, во непосредна близина на реката Вардар.

-Комплексот „Fine premium living“ во чии рамки започна да се гради вториот станбен објект, е нов тренд во архитектурата, бидејќи се состои од сегменти и содржини за да се се задоволат потребите на членовите на едно современо семејство.

Надвор од градскиот метеж, а сепак непосредно до центарот на Скопје, комплексот со своите станбени единици претставува урбано катче со целосна инфраструктура, модерно место кое ќе располага со супермаркети, градинки, продавници, простор за рекреација и уживање.

Овој комплекс е синоним за нова димензија во домувањето и придонесува за урбанизација и модернизирање на населбата Ќерамидница, посочуваат од таму.

Во рамките на комплексот „Fine premium living“ во завршна фаза се наоѓа првиот објект „Космос“, во кој досега се инвестирани 30 милиони евра. Дополнително, Fine Holding, во наредниот период предвидува да изгради уште три станбено-деловни објекти во овој дел од градот, односно во Ќерамидница.

Компанијата Fine Holding која годинава одбележува 20 години од своето постоење, се занимава со проектирање и изградба, продавање на станбени и изнајмување на деловни објекти, изградба и менаџирање на приватни студентски домови, како и угостителство.

Основач на компанијата е семејството Цаноски со семејна традиција од областа на градежништвото и претприемништвото кое датира повеќе од 60 години на македонскиот, европскиот и интернационалниот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поевтинуваат за денар, а дизелот за половина денар по литар

Редакција

(Фото) Лидл почна со изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Куманово, ќе користи струја од обновливи извори, а отпадот ќе го рециклира

Редакција

Исполнети 90% од капацитетите, Крушево полно со гости за Велигден

Редакција