еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Подвижна библиотека на „Браќа Миладиновци“ ќе ги посетува населбите и ќе го опслужува учениците со книги

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.

„Подвижната библиотека – Библиобус е адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици и има за цел промоција на книгата, достапност на информациите, развој на културата на читање, како и создавање навика за читање кај детската популација.

Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, Орман, Чифлик, Лисиче, Трубарево и во Волково.

Подвижната библиотека работи пет дена во неделата, од септември до јуни, и ги посетува училиштата според претходно утврден план.

Со библиобусот се овозможува полесен пристап и популаризација на книгата и до оние места кои се оддалечени од централните библиотеки и клонови.

Учениците се ослободени од наплата на амортизација на позајмените книги“, соопштуваат од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски јазик ќе се учи и на Универзитетот во Анкара

Редакција

Подвиг за почит: Сања Николовска Најдовски 19 пати едноподруго се искачи од Средно Водно до Врвот

Редакција

ТАВ Аеродроми донираше 160 оброци за бездомни лица на пунктот Момин Поток на Црвениот крст

Редакција