еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Претседателот Иванов со сопругата пречекани со највисоки почести од кралот на Јордан

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Аман беше примен со највисоки државни и воени почести од Кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Н.В. Абдула Втори Ибн Ал Хусеин, во рамки на неговата официјална посета на Јордан.

„За нас е од огромно значење што вие ја признавте Република Македонија под нејзиното уставно име. Тоа многу значи за нас и за нашиот народ, особено за многу Македонци кои живеат во Јордан.

Ние како две земји, иако сме на различни простори, и Македонија на Балканот и Јордан на Блискиот исток, се земји кои покажуваат модел на успешен соживот. Хашемитското Кралство Јордан претставува позитивен пример кој придонесува за стабиноста на Блискиот Исток“, изјави Иванов.

Фото: Кабинет на претседателот на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бомби“ на судењето за „Титаник“: Јанакиески проверува кој гласал, Јанкулоска му се жали дека Албанците победиле секаде каде што имало мешано население

Редакција

За Ахмети, Пописот е успешен

Редакција

Починаа 29 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 2.254

Редакција