еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Рамсторе го отвори третиот маркет во Чаир

Денеска, (8-ми октомври), компанијата „Рамсторе“ – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир, информираат од компанијата.

Модерно дизајнираниот Рамсторе Експрес маркет, кој е 28-от по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2.

За услугата се грижи тим од вкупно 10 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, како и повеќе од 5.000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот.

Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 17.10.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето, велат од компанијата.

Со новиот маркет во Чаир, синџирот „Рамсторе“ – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.

Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 3 нови маркети до крајот на годината, најавуваат од компанијата.

Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од СИТИ ПЛАЗА Холдинг, кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Томислав Крстевски предложен за член на НО на Реплек, поседува 300 акции во компанијата

Редакција

„Аиркон“ го доби тендерот на МВР за сервисирање на клима уреди вреден 76.000 евра

Редакција

Од април нови правила: Собранието го усвои новиот закон за јавни набавки

Редакција