еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Рамсторе отвори уште еден маркет во Охрид

Денеска, 10. декември, компанијата „Рамсторе“ – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет  лоциран на улицата Туристичка бр.42А во Охрид, информираат од компанијата.

Модерно дизајнираниот Рамсторе Експрес маркет кој е 30. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 200метри квадратни и располага со дополнителен магацински простор од 100 м2.

За услугата се грижи тим од вкупно 12 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 2 наплатни каси.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, пакувано месо, како и повеќе од 3.000 производи достапни 365 дена во годината.

Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот

Големиот број на промоции, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отвoрањето на овој маркет и ќе траат до 19.12.2021 година, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.

Со новиот маркет во Охрид, синџирот „Рамсторе“ – Македонија достигна до вкупно 30 маркети во осум градови во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 28.000 м2.

Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува преку 800 лица.

Рамсторе Македонија и следната година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на нови маркети во различни градови, велат од компанијата.

Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11. јуни 2005 година, од неодамна е дел од Сити Плаза Холдинг, кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По намерата за преземање, Скопски пазар на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Редакција

Правилата за влез во Грција непроменети и продолжени за уште една недела

Редакција

“Европа“ лани со намалена добивка

Редакција