Фотографија објавена на „Славорум“ од маж како се сонча покрај својот автомобил „Застава 101“ на Кејот на Вардар во Скопје предизвика лавина рекации на социјалните мрежи.
Повеќето граѓани на Скопје одамна не ја користат градската плажа за сончање, а уште помалку за капење во загадениот Вардар.
Сепак, вакви примери и денес можат да се забележат во главниот град пред се од повозрасни граѓани на кои се чини им недостасуваат времињата кога воопшто не било чудно сончање на градската плажа.
Фото: Фејсбук/Славорум
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.