еМагазин
Image default
Македонија

Вработен во Општина Кисела Вода заразен со коронавирус, петмина од вработените одат во карантин

Вработен во скопската Општина Кисела Вода бил заразен со вирусот Ковид-19, а петмина вработени, кои биле во контакт со инфицираниот ќе бидат во карантин, информираат од општината.

Градоначалникот Филип Темелковски и кризниот штаб на денешниот состанок донеле препораки како за вработените, така и за жителите на Општината.

За состојбата во Општина Кисела Вода информиран е Центарот за јавно здравје од каде се добиени препораки за понатамошно постапување.

Поради новонастанатата ситуација, Општината Кисела Вода соопштува дека до 12 мај нема да работи со странки туку сите оние кои имаат прашања може да се обратат на следните телефонски броеви: Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина – 071261194, 075309930, 070 292 962, 078 373 779, Сектор за урбанизам и просторно планирање – 02/2785429 за легализација, 02/2785420 за одобренија за градење, 02/2785443 за просторно планирање, Сектор за инспекциски работи – 02/2785449, 02/2785456, 02/2785465, Сектор за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт – 02/2785418, Сектор за месна самоуправа – 02/2785427, Сектор за нормативно правни работи – 070 226 037, 072 314 988.

„Архивата на Општината на безбеден начин ќе прима предмети од странки и истата непречено ќе работи секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Локалната самоуправа за своите вработени набави и им подели заштитни маски кои ќе биде потребно задолжително да ги носат во своите канцеларии. Покрај ова, Општина Кисела Вода за полесно справување со вирусот, утре ќе добие донација 3.000 заштитни маски од Амбасадата на Словачка во Северна Македонија“, информираат од општината.

Оттаму додаваат дека дезинфекцијата на општинските канцеларии, влезовите станбените згради, автобуските постојки, градинките и училиштата ќе продолжи да се одвива. Во зградите во кои живее некој заболен или пак каде што има лица во карантин дезинфеција ќе се врши на преку три дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: Возраста и коморбидитетите имаат сериозно влијание за исходот во лекувањето од Ковид-19

Убава вест: Оздравени од коронавирусот уште 44 пациенти, вкупно 1.057

Починаа уште двајца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 88

Фото: Кисела вода

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Перински тврди дека го почитувал законот за Пречистителната станица, Арсовска најавува документи до Обвинителството

Редакција

Рочиштето за „Маџар телеком“ одложено за 29 јануари

Редакција

Заев: Македонските граѓани не си легнаа на 31 декември ‘43 како Бугари, за на 1 јануари ‘44 да се разбудат како Македонци

Редакција