еМагазин
Image default
Македонија

Тројца новозаболени од коронавирусот во Прилеп, а деветмина се излекувани

Во Прилеп денеска се евидентирани тројца новозаболени од Ковид-19, а девет пациенти се излекувани од оваа заразна болест. По еден излекуван пациент има и во општините Крушево и во Пласница.

На инфективното одделение во Општата болница во Прилеп се хоспитализирани 16 лица.

Од нив, 11 се позитивни на коронавирусот, а пет пациенти се наоѓаат во делот за изолација. Поради потешката клиничка слика, двајца пациенти се испратени на лекување во ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Во моментов во Прилеп во самоизолација се 241 лице. Инаку, во изминатото деноноќие забележан е еден случај на нарушување на полицискиот час.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработен во Општина Кисела Вода заразен со коронавирус, петмина од вработените одат во карантин

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: Возраста и коморбидитетите имаат сериозно влијание за исходот во лекувањето од Ковид-19

Починаа уште двајца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка е 88

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Семејството од Газа пристигна во Македонија, се очекува евакуација и на брачниот пар

Редакција

Касами го условува Заев и за заеднички претседателски кандидат

Редакција

Граничниот премин „Богородица“ отворен за сообраќај

Редакција